Обама: Реган би се превртел во гробот, ако разбере како Америкаците го поддржуваат Путин

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Анкетите покажуваат дека 37% од републиканците  го симпатизираат рускиот претседател

Барак Обама изјавил дека поранешниот американски претседател републиканец Роналд Реган би се свртел  во гробот ако разбере колку негови приврзаници сега го  поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

“Имаше истражување по изборите, што покажа дека 37% од избирачите-републиканци  го поддржуваат Путин. Повеќе од една третина од републиканските гласачи го поддржуваат Путин, поранешниот службеник на КГБ.

Роналд Реган би се свртел  во гробот “- изјавил Обама за време на последната прес-конференција во Вашингтон, пренесува РИА Новости.

За време на изборната кампања и по неа Доналд Трамп не еднаш изјавувал намера да продолжи со соработката со Русија. За разлика од противникот Хилари Клинтон тој изразуваше увереност дека соработката може да одигра важна улога во решавањето на голем број задачи во блискоисточниот регион, вклучувајќи дека може да помогне да се стави крај на вооружениот конфликт во Сирија и “да биде испратена ИД во пеколот”.

Превод: Блиц