Службеници на авиокомпанијата Pakistan International Airlines заклаа јарец на пистата на аеродромот во Исламабад пред полетување на авион, објави “Експрес трибјун”.

Авионот требало да лета за градот Мултан – прв лет за авиони ATR од авио паркот на пакистанските авио линии по 12 декември. Летањето беше суспендирано откако на 7 декември авион на ATR 42-500 со 47 патници се урна. Вработените го принеле јарецот како жртва по своја иницијатива за благодарност дека летовите се обновени, објаснија од раководството.
Фотографии од настан ставени на интернет брзо предизвика негодување дека превозникот ги намалува мерките за безбедност за сметка на суеверието. Портпаролот на Pakistan International Airlines рече дека раководството нема никаква врска со настанот. Неделното лет на ATR завршил успешно.