На 18.12.2016 година околу 13.10 часот во Прилеп, М.Б. пријавила дека на 17/18.12.2016 година во периодот од 22.00 до 12.45 часот, ПМВ „Даеву Нубира“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на нејзината мајка, а кое било паркирано на ул. „Димо Наредникот“, било оштетено. Од извршениот увид било констатирано дека возилото е оштетено на задниот дел од експлозија на импровизирана експлозивна направа. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од НККР Прилеп. Повредени лица нема. Во врска со настанот во ПС ОН Прилеп повикани биле две лица од Прилеп и, со Наредба за претрес на дом и помошни простории, извршени биле претреси кај истите. Кај едниот не било одземено ништо, додека кај другиот биле одземени повеќе предмети за понатамошна постапка. ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Поставена експлозивна направа до возило во Прилеп
99