Русите го чекаат новиот секретар за одбарана на САД, до тогаш “делкање” на ИД во Сирија

од desk3
96 прегледи

Последните квартови на сирискиот град, освоен од екстремистите од “Исламска држава”, паднаа под притисок на сириската армија, објави во ноќта на 14 декември постојаниот претставник на РФ во ОН Виталиј Чуркин. Според експертите сега ќе започнат вътрешно-сириски преговори за регулирање на кризата, но крајот на конфликтот се уште не се гледа.

 

Сириската влада ја поврати контролата над последните области на Источен Алепо, објави во ноќта на 14 декември постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН Виталиј Чуркин. Тој истакна дека во моментов последните членови на бандитски групации ги напуштаат ослободените области на градот, користејќи хуманитарните коридори.

Дипломатот меѓутоа, забележа дека е рано да се зборува за финале на активната фаза на конфликтот во земјата.

“Благо речено, би било претерано да се каже дека крајот на конфликтот во Сирија наближува. Ни претстои долг пат, но сакам овој пат да се вратиме на патеката, насликана од прифатената во декември минатата година резолуција во која се вели дека треба да се напише нов устав на Сирија и да се одржат избори под меѓународно набљудување “, додаде Чуркин.

Според неговите зборови, тогаш треба да се преземе полн со обем обнова на земјата, разорена од шестгодишна граѓанска војна.

Политичките чекори

По ослободувањето на Алепо Русија ќе се обиде да ги натера претставниците на умерената опозиција да седнат на преговарачка маса и да започне нов круг разговори за Сирија.

“Фактички сириската армија ја зазеде престолнината на вооружената опозиција. Сега постојат сите предуслови да започне нов круг преговори за мирно решение со сите сили кои можат да водат дијалог и да донесуваат одлуки”, изјави во интервју за “Руски дневник” пензионираниот полковник и воен аналитичар на Газета.ру Михаил Ходарьонок.

Но сега, според него, првата работа на Русија е да се осигура безбедноста на мирните граѓани во Алепо.
Активностите на војниците

Веќе над сто руски деминери се зафатија со деминирање на градот, изјави за “Руски дневник” воениот експерт на весникот “Известија” Алексеј Рам.

Според него, претставниците на Министерството за одбрана на РФ ќе укажат хуманитарна помош на настраданите жители на градот и ќе им обезбедат предмети од прва потреба: храна, облека, лекови, итн

“Сега најважно е градот да се задржи под контрола и да се воспостави строг режим на пропуштање. Не треба да се дозволи во Алепо повторно да се појават одреди на екстремисти”, предупредува аналитичарот.

Тој смета дека би требало да се засилат позициите на сириската армија во периферијата на градот.

Но полковникот пензионираниот Михаил Ходаронок е на мислење дека воено најспособните единици на сириската армија ќе бидат префрлени од Алепо во Палмира.

 

Местата на новите борбени дејствија
Командата на Воздушно-вселенските сили на Русија се подготвува да преземе ослободувањето на уште еден голем град – Деир ез-Зур.

Но над 4000 борци на “Исламска држава” (ИД), кои за три деноноќија мобардирани од војниците на сириската национална армија од Палмира, ги отежнаа сите позиции на руските војници.

“Сега се разгледуваат сите тактички планови и командата бара решение како да биде спроведена операцијата за ослободување на овој регион. Нема како да се настапува кон Деир ез-Зур, заобиколувајќи ја Палмира – во заднината ќе има 4-илјади војска на ИД”, вели Рам.

Според него, со падот на Палмира во рацете на терористите се враќа и авиобазата во Дијаз, западно од градот. “За успешна операција во Деир ез-Зур војниците треба да го контролираат и Алепо, и Палмира. Само тогаш ќе може војниците на ИД да бидат стегнати во обрачот, да се обезбеди коридор и да се истуркаат терористите од градот”, додава Рам.

И во целата оваа ситуација, според експертите, при подготовката на плановите треба да се знае како понатаму ќе се развиваат идните воено-политички односи со западната коалиција.

Соработката со САД

Според заменик-директорот на Институтот за САД и Канада при РАН пензионираниот генерал-мајор Павле Золотаров со голема веројатност функцијата министер за одбрана на САД ќе ја заземе Џејмс Матис, командант на операцијата “нескршлива слобода” на САД во Авганистан. И токму со него ќе треба раководството на руското Министерство за одбрана да соработува при разработката на операции во Сирија.

“Тој е практичен човек, со добро борбено искуство, на кој му претстои на нов начин да ја организира нашата работа со западната коалиција во Сирија. Јас очекувам проширување на воената соработка, а не само политички тензии во духот на” свој-странски “, вели Золотарьов.

Рам смета дека воената соработка може да се гради аналогно на почетокот на американската кампања во Авганистан во 2001 година, кога разузнавачките служби на двете страни делеа податоци за позициите на терористите во различни региони на земјата.

“Не мислам дека ќе се дојде до заедничко планирање на операциите, но нема да си пречиме еден на друг. Може да се случи кардинална промена: Американците да преземат к своја зона и да одговараат за терористите од ИД во северен Ирак, а ние целосно да се занимаваме со остатоците од групите на терористите во Сирија “, додава експертот на весникот” Известија “.