Рускиот амбасадор во Турција бил нападнат со огнено оружје во Анкара.

Андреј Карлово е тешко повреден и е пренесен во болница, објавија локалните медиуми.
Амбасадата соопшти дека тоа се случило додека тој држел говор на отворањето на изложба и дека извршитилот најверојатно е радикален исламист.
Телевизија NTV е една од првите која пријавила, но не дала повеќе детали, освен дека уште три лица се повредени. Според CNN Türk Карлово е во критична состојба и дека напаѓачот може уште да се наоѓа во зградата каде што се случувало нападот.
Атентатот е извршено во уметничка галерија во главниот град, опкружена со специјалците кои според очевидци се подготват за операција, додека внатре се слушаат истрели. 
Кашим Килич, репортер на “Хуриет”, кој бил на местото, раскажува дека напаѓачот прво пукал во воздух, луѓето се разбегале во паника и тогаш тој го пукал амбасадорот.
Весникот потсетува дека нападот станува по падот на Алепо во рацете на сириската армија со активната помош на Русија и ден пред министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да разговара во Москва за Сирија со своите колеги од Русија и Иран.
https://www.facebook.com/trtworld/videos/1823115871291894/