Пристигнал во Германија во февруари, тврдат извори од германските сили за безбедност
Возачот на камионот убиец кој се удри во божиќен базар во Берлин, е бегалец од Авганисан или Пакистан, пристигнал во Германија во февруари, објави BBC, повикувајќи се на агенција ДПА, која цитира свои извори од германските сили за безбедност. “Исламска држава”, синоќа, ја презеде одговорноста за нападот во германската престолнина .
Од полицијата на социјалната мрежа “Твитер” соопштија дека возачот е задржан. Органите на редот информираа и дека сувозачот , кој загина од повредите е Полјак.
Портпаролот на полицијата во Берлин рече дека осомничениот, за кого се претпоставува дека го возел камионот бил запрен од полицајци на околу 2 км од местото на трагедијата и бил испрашан.
Според последните податоци 12 лица загинаа, а 48 се повредени, четворица од нив се со тешки повреди откако синоќа камион свлезе и газеше на божиќен базар во Берлин, Нападот се случи во пешачка зона на плоштадот “Брајтшајдплац” крај меморијалниот црква “Кајзер Вилхелм” во западниот дел на градот.
Според податоците на полицијата натоварен со железа камионот газел луѓе 80 метри движејѓи се во пешачаката зона на панаѓурот . Очевидци сведочат дека прво удрил во една од тезгите.
Камионот,како што веќе соопшти локално.мк , е регистриран во Полска и е сопственост на полски бизнисмен – Ариел Журавски, кој потврди дека неговиот возач го немало и тој немал контакт со него од 16 часот, непосредно рпед нападите во понеделникот.
“Не сме го слушнале од околу 16 ч. во понеделникот. Не знаеме што се случило со него. Тој е мој братучед. Го познавам откако бев дете. Можам да гарантирам за него “, рече Журавски.
