Независне новине – Бања Лука
Една третина од Европејците (33 отсто) немаат постојана работа, а меѓу нив дури 35 проценти се на возраст од 18 до 34 години, покажа истражувањето на компанијата „Мастеркард“, со кое беа анализирани жителите на Европа кои немаат пристап до официјалните финансиски текови.
Истражувањето покажува дека 138 милиони Европејци финансиски се отсечени од општеството, односно немаат банкарски сметка или пристап до платните методи. Изненадува податокот дека 87 проценти од „финансиски исклучени“ испитаници, целиот живот живеат во иста држава.

Резултатите исто така покажаа дека 38 отсто од Европејците плаќаат наемнина во готово и дека дури 88 отсто од анкетираните останатите трошоци ги плаќаат со готовина.
Меѓутоа, истражувањето укажа на значително зголемување на користење на технологиите во тој ист сегмент на општеството, па пристапот до технологиите преку паметен телефон скокнал од 29 отсто во 2013 година, на 49 отсто во 2016 година.
Сепак една четвртина испитаници (27 отсто) и натаму сметаат дека не можат да пристапат до финансиските производи и услуги, што укажува на расчекор меѓу популацијата која користи технологии и таа која има пристап до финансиските производи и услуги.
Постојаната потреба за користење на готивина тие луѓе ги прави исклучително чувствителни на губење или на крадење на пари, спорови во врска со плаќањето, бидејќи не постои електронска трага или доказ за трансакциите, а исто така во целост им оневозможува да вршат плаќање однапред или да ги распоредуваат уплатите однапред, се наведува во истражувањето.
Коментирајќи ги овие резултати, Ен Кернс, претседател на Секторот на меѓународниот пазар во компанијата „Мастеркард“, вели дека многу луѓе поимот на исклученост често го доживуваат како проблем на пазарите во развој, но дека овој извештај јасно покажува дека тој проблем постои и на европските пазари, кои се сметаат за развиени.
– Немањето на пристап до финансиските текови има сериозно влијание на квалитетот на животот на поединецот, бидејќи им ги скратува основните поволности и можноста за избор, а ги лишува и од поголем степен на заштита, практичност и пристап до глобалната економија, наведе таа.
Ова истражување покажува дека главните причини за немање на трансакциски сметки или некористењето на банкарски услуги е недостиготк на знаење и недоверба во банкарскиот сектор.
Една петтина испитаници (20 отсто) воопшто не сакаат да имаат сметка, а 10 отсто од нив рекле дека немаат доверба во банките кога се работи за нивните пари.
Ен Кернс додава дека, иако резултатите за финансиската инклузија се загрижувачки, кога ќе се земе предвид зголемениот пристап до технологиите, како што се паметните телефони, јасно е дека патот до финансиската инклузија води преку дигиталните технологии.
– Потпирајќи се на брзиот развој на технологијата, можеме да развиеме нови решенија, со цел сите во Европа да имаат пристап до финансискиот сектор. Тоа ќе има диреткно позитивно влијание на милиони животи и на сите нас ќе ни донесе предност, бидејќи со тоа се поттикнува поправедно и порамноправно општество, смета таа.