Втората фаза на претседателските избори во САД скрши изборен рекорд со речиси двовековно чекање – 7 од членовите на Изборната комисија гласаа против волјата на своите гласачи. Тоа сепак не влијаело на резултатите на изборот и Доналд Трамп беше прогласен за победник, но “предавството” дури му ги зацврсти позициите соопшти РИА Новости.

Анализата на гласовите на сите 538 “електори”, кои се испратени од 50 држави, за да изберат претседател, покажува дека 7 од нив го дале својот глас не за победникот на изборите од нивната држава. Ова се случува за прв пат по 1836 година, кога цели 23 од “големите избирачи” пројавиле своеволие да не ја применат “волјата на народот”.
Сегашните “предавници” се претставниците на државата Вашингтон, на Хаваите, а двајца се од Тексас. Во Вашингтон и Тексас за слични “своеволија” не се применуваат санкции. На крајот “своеволието” на електорите не само што не го промени резултатот од изборите, но дури и ја зацврсти победата на Доналд Трамп.
Според резултатите на изборите Трамп требаше да добие 306 гласа, а Хилари Клинтон – 232. По конечното гласање сепак Трамп добива 304 гласа, а Хилари – 227. Напорите на приврзаниците на Хилари да влијаат на “електорите”, за да ја уништат победата на Трамп, побрзо имале обратен ефект.
Следниот клучен датум во сагата на претседателските избори е 6 јануари, кога Конгресот ќе ги потврди резултатите од гласањето на Изборната комисија. Избраниот претседател ќе стапи на должност на 20 јануари.
Досега се евидентирани 157 случаи на “бескрупулозни” гласачи, а по Втората светска војна имало само по еден своеволен електор, при тоа не во сите изборни кампањи.