
Основоположник на мрачната теорија за “неоевразијството” Александар Дугин излезе со посебен коментар неколку часа по убиството на рускиот амбасадор во Анкара.Дугин е главен уредник на телевизијата “Цариград”, која се смета за руски еквивалент на америкамнската FOX News.
Видете го целиот коментар на Дугин:
Убија руски амбасадор во Турција. Со такви провокации почнуваат светските војни. И е јасно зошто рускиот амбасадор е убиен токму сега. Русија драстично се зближува со Турција. А глобалистката администрација на САД ги преживува последните денови. Затоа сега или никогаш: нема да има друг толку згоден момент за почеток на Третата светска или во најмала рака – за почетокот на нова руско-турска војна.
Тоа е претсмртна агонија на глобалистичката елита на Вашингтон. Истата елита, по чие назначување беше соборен рускиот авион. Истата која го организира превратот во Турција на 16 јули.
Ако ние ја започнеме војната денес, нарачателите на овие злосторства ќе бидат среќни. Јасно е дека Анкара ќе ни ги искаже сите видови оправдувања – тоа е логично. Политички од оваа дивеење страда, пред сè самиот Ердоган. Но има само еден пат за Турција да излезе од ситуацијата – веднаш да објави излегување од НАТО. Тоа е логично и дојдено одамна.
Одбројувањето веќе е во часови, дури во минути. Жали за смртта на нашиот херојски дипломат Андреј Карлов. Тој загина растрчан на фронтот. Се надевам дека ова е последно дело на крвавата Хилари и на оние кои стојат зад неа.