(Не)оркестриран “упад“ во невладиниот сектор?

од Vladimir Zorba
106 прегледи
Инспекторите се екипираат, невладиниот сектор подготвува документација. До крајот на неделва под лупа на даночниците од  УЈП  ќе  биде и Македонскиот центaр за европско образование, информира 24Вести.
МЦЕО е една од дваесете невладини организации што соработуваат со фондацијата отворено општество, која се најде  на листата на УЈП за скенинг на финансиското работење. За невладината најавената инспекција е политички притисок, затоа што како што велат ако е редовна контрола зошто 15 години не дошле да ги посетат.
„Го сфаќам ова како политички притисок зошто се случува токму во овој момент после изборите и особено по најавата на поранешниот премиер Груевски за десоросоизација на Македонија, особено ако имаме предвид дека сите организации коипто беа ставени на листа за контрола се на еден друг начин поврзани или соработуваат со Фондацијата отворено општество на Македонија. Таа атмосфера на линч на овие организациии се пумпаши во предизборието.“ вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
Целиот тескт можете да го прочитате тука