Саканата на Бред Пит се омажи!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Ѕвездата од хитови “Волкот од Волстрит” и “Одред самоубијци” Марго Роби се омажила за својот пријател Том Екрли на тајна церемонија во татковината Австралија. а во последните недели излегоа гласини дека русокоса го утешува сексуално протераниот од Анџелина, Бред Пит.
Според весникот “The Daily Telegraph” русокосата рекла “да” на својот сакан овој викенд во реонот на Бајрон Беј.

Се претпоставува дека Марго и Британецот Том склучиле брак во модерната установа Harvest Newrybar во неделата, бидејќи братот на Том – Џејмс, објавил фотографии токму од оттаму.

Најверојатно свадбата се одржала на плажа, а церемонијата била во тесен круг. Според весникот актерката носела фустан на Oscar de la Renta, а нејзината сестра Ана била нејзин кум.

Марго и асистент-режисерот Том се заедно три години. Тие се запознаа на сетот на драмата “Suite Francaise”, а од пред неколку месеци живеат заедно.