Русија веќе нема да е во листата на водечките приоритети во областа на одбраната на САД

Администрацијата на идниот американски претседател Доналд Трамп не ја вклучи Русија во листата на водечките приоритети во областа на одбраната, пишува весникот Foreing Policy. Главна грижа на новоизбраниот шеф на државата се победата над блискоисточната радикална група “Исламска држава”, укинувањето на буџетските плафони и развој на нова стратегија во сајбер просторот.
Со години, високи претставници на Министерството за одбрана и разузнавањето ја посочуваа Русија како најголема закана за САД поради огромниот нејзиниот нуклеарен арсенал, напредните можности за сајбер напади, модернизираната армија и амбициите на Москва да го оспори лидерството на САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, Источна Европа и други региони.
Во меѓувреме од актуелната администрација на Обама вклучија уште руски бизнисмени и компании на санкционата листа со која Вашингтон ја казнува Москва во врска со нејзините дејства во украинскиот конфликт, пренесува Voice of America.
Мерките беа наметнати само еден месец пред истекот на мандатот на претседателот Барак Обама и пред власта во Белата куќа да биде предадена на новоизбраниот претседател на САД – Доналд Трамп, кој ги пофали Владимир Путин и даде индикации дека ќе вложи напори за приближување кон Москва.