Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс се проби на осмото место на листата на стрелците во историјата на НБА лигата, откако успеа да го мине Мозес Мелоун.

Generated by IJG JPEG Library
Generated by IJG JPEG Library
Леброн Џејмс на дуелот одигран ноќеска против Милвоки постигна 34 поени и стигна до бројката од 27.442 поена и ги надмина 27.409 поени на Мелоун.
Пред него сега се наоѓа Шекил О‘Нил со 28.596 поени на седмото место, а на шестото место е Дирк Новицки со 29.552 поена, единствен од активните што е подобар од Џејмс.
Во топ 5 на листата на стрелци се и Карим Абдул-Џабар 38.387 поени, Карл Мелоун 36.928, Коби Брајант 36.928, Мајкл Џордан 32.292 и Вилт Чемберлен 31.419.