“Мислев дека овој ден нема да настапи никогаш. Го чекавме ова пет години. Да живее Башар, да живеат Сирија и Русија “, изјави жителка на градот.

Борбата за мегаполисот, сметан за економска престолнина на Сирија пред почетокот на конфликтот, се водеше како “на терен”, така и на дипломатската сцена. Во таа смисла најмногу внимателно беа следени преговорите на претставниците на САД и Русија, заслужено нарекувани највлијателните играчи во пронаоѓањето на решение во регионот.