Владимир Путин сака нов светски поредок, зошто Доналд Трамп би му помогнал?

од desk3
96 прегледи

 

Вашингтон Пост – Вашингтон

Ставете ги во едно реториката во неговата предизборна кампања, твитовите и состаноците и ќе ја добиеме сликата за американската надворешна политика под Доналд Трамп.

Избраниот претседател постојано даваше сигнали дека сака да се сврти кон Русија и да биде строг кон Кина. Но, тоа значи дека светот ќе се сврти кон назад. Кина, барем досега, беше наклонета кон меѓународниот систем кој го предводи САД. Русија се обидува да го смени.

Иронично е што Мит Ромни не беше избран за државен скретар исто како што неговите проценки за клучните реформи во однос на надворешната политика беа отфрлени. Ромни во 2012 година ја кажа познатата реченица дека „Русија е геополитички непријател број еден на САД“. Претседателот Обама се исмеа на ова, а други сметаа дека е претерување. Згрешивме. Ромни беше во право.

Логиката на Обама со која му се спротивстави на Ромни беше дека Русија е „регионална сила“ која е во опаѓање. Тоа вознемируваше, но не беше страшна глобална закана. Ова е точна проценка за позицијата на Русија, која се влоши уште повеќе во 2012 година. Економсијата на земјата всушност се намалува веќе две години. „Економист“ истакна дека во изминатата деценија, трошоците на државата пораснале од 35 проценти од БДП на опасните 70 проценти. Рубљата колабираше. Моментниот државен долг на Русија според агенцијата „Мудис“ е рангиран на најниско можно ниво.

Но, под власта на претседателот Путин, Русија најде начин да се наметне геополитички и покрај својата економска изнемоштеност. Досега го прави тоа со она што го поседува, како што е се уште силната војска и разузнавачките служби, како и со правото на вето во Советот за безедност на ОН. Но, најамбициозен и најуништувачки е начинот на кој се обидува да се истакне со помош на кибер војувањето.

Сега добиваме поцелосна слика за тоа како Русија ја користи моќта, што започна пред неколку години со операциите во самата Русија, потоа во Грузија, Украина, Полска, Германија и во други европски држави и на крајот и во САД за време на последната претседателска изборна трка.

Во секој од тие случаи, Москва управуваше со стратегија со целосен спектар, вклучувајќи пробивање на сервери, тролање, лажни вести и контраразузнавање со цел да се дискредитираат одредени политичари, мешајќи се во кампањи и посредување во изборните процеси. Овие активности неретко беа изведувани заедно со потрадиционални воени активности, како што се случи во Украина и во Грузија.

Следејќи ги операциите на Русија во изминатите три години, поранешниот врховен командант во НАТО, генерал Филип Бридлов, летоска забележа дека се почестите офанзивни дејствија на Москва „се од обем и комплексност кои европскиот континент ги нема почувствувано уште од крајот на Втората светска војна“.

Спротивно на тоа, Кина е економска суперсила. Иако таму растот значајно забави, земјата е, според некои мерења, најголема економија на светот. Во 1990, Кина учествуваше со помалку од два проценти во глобалниот БДП, а денес тоа изнесува околу 15 проценти (или речиси десет пати повеќе од уделот на Русија). Кина троши 215 милијарди долари на својата војска, според Меѓународниот институт за истражување на мирот од Стокхолм, што е речиси три пати повеќе од рускиот буџет за одбрана. Резервите во странски валути на Кина изнесуваат повеќе од три билиони долари или осум пати повеќе од руските резерви.

Во твит кој го испрати месецов, Доналд Трамп напиша дека добил телефонски повик од претседателот на Тајван, затоа што земјата купува стоки од САД во вредост од неколку десетици милијарди долари. Ако е тоа некаква мерка, имајте предвид дека минатата година Кина купи стоки и услуги во вредност од 162 милијарди долари од САД, или четири пати повеќе од Тајван.

Многу луѓе сметаат дека заради огромниот арсенал на моќ и Кина ќе почне геополитички да се наметнува. И тоа и го направи, посебно во југоисточна Азија. Но, Кина исто стана статус кво сила, која удобно се чувствува во светот со своето огромно богатство и загрижена од пресврт во глобалниот систем во кој таа сега е интегрирана.

Па додека Трамп продолжува да ја обвинува Кина затоа што ја девалвира својата валута, во изминатата година Пекинг се обидува да го направи токму спротивното. Земјата троши десетици милијарди долари за да го захакне јуанот и тој да стане стабилна и употреблива меѓународна валута.

Без разлика дали се работи за климатските промени или во одржувањето на мирот, во последниве години, и повеќе од кога било претходно, Кина е расположена да игра конструктивна улога. Таа исто така има далеку поголем капацитет за асиметричен напад со помош на кибер операции, отколку што го прави тоа Русија. И нашироко ги користи овие тактики во воената и индустриската шпионажа. Но, барем засега, таа не се вклучува во дестабилизирање, како што се руските обиди да го поткопа поредокот на западните демократии.

Имајте на ум дека ставот на Кина за светот во последниве две децеии е фундаментално бенигнен и во тој период беше насочем само кон трупање богатство и моќ.

Наспроти тоа, Путин верува дека крајот на советскиот комунизам во 1989 година беше „најголемата геополитичка катастрофа во 20-иот век“ и дека од тогаш Русија е постојано понижувана. Неговата цел е да направи пресврт во постоечкиот светски поредок што го создаде САД, дури и по цена на создавање хаос.

И сега прашањето е: зошто новоизбраниот американски претседател би и помагал на Москва да го постигне тоа?