Г.г.Стефан ќе служи  заупокоена литургија за амбасадорот Карлов 

од desk3
147 прегледи

По повод трагичната смрт на Амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов, утре во 09:00 часот во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, ќе биде отслужена заупокоена литургија.

Со литургијата ќе чиноначалствува  Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Граѓаните можеа да изразат сочувство по повод смртта на амбасадорот Карлов со потпишување во книгата на жалост што беше отворена во просториите на Руската амбасада во Скопје вчера и денеска./МИА