Вчера баталјон од руската воена полиција го презеде обезбедувањето на веќе ослободениот  Алепо. Тоа му го кажа вчера изутрина министерот за одбрана Сергеј Шојгу на претседателот Владимир Путин, соопштија руските медиуми.

Руската телевизија “Прв канал” емитува снимки на кои се гледа како вооружени со автомати “Калашников” “црвени беретки” со камуфлирани облека и со карактеристични знаци на воена полиција во мугрите излегуваат од голем авион во авиобазата Хмејмим.

Министерството за одбрана прецизира дека баталјон веќе пристигнал во Алепо, каде уште го обезбедува редот, а така исто безбедноста на вработените од Центарот за примирјето, руските деминери, персоналот на мобилни болници и хуманитарните конвои.