Регистрирањето на гравитационите бранови со експериментот LIGO беше избрано од списанието “Сајанс” за научниот пробив на 2016 година, соопшти Лента.
На второ место е откривањето на слични на Земјата, егзо планета во системот на најблиската до Сонцето ѕвезда – Проксима Кентаур.

Меѓу второпласирани е исто вештачкиот интелект AlphaGo развиен од компанијата “Дип мајнд” на “Гугл”, кој го победи Седол Ли, професионалниот шампион во играта Го.
На четврто место е откритието дека ако на средовечни глувци им бидат отстранети застарените клетки, кои не можат повеќе да се делат, животот им е продолжен.
Меѓу десетте научни откритија на 2016 година е и заклучокот дека не само луѓето можат да ѕирка во туѓиот ум. Човеколиките мајмуни се исто така способни да ги определат желбите и намерите на другите.
Место на листата се најде и за компјутерска програма која овозможува да бидат прогнозирани својствата на протеините, како и добивањето на живи глувци од одгледани во лабораториски услови јајцеклетки.
Рангирањето се дополнува со уште три трудови – за раселување на древните луѓе од Африка во целиот свет со една единствена миграција, за создавање на пренослив уред за дешифрирање на ДНК, како и добивањето на леќи без дефекти од метаматеријали.