(ВИДЕО) Нема парно и вода во кумановскиот затвор

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Во најновиот македонски затвор, нема ниту греење за над 170 затвореници, ниту пак има вода за пиење, тврдат за Телма затвореници и нивни роднини. Повеќе од 48 часа не им било пуштено греење и тие велат дека се смрзнуваат, а никој не им одговара на нивните повици за помош. Вода за пиење им донеле со цистерна.

На телефонскиот број на затворот ни се јави една вработена, но не ни кажа ништо за состојбата со греењето и со водата за пиење.

Затворот во Куманово е во село Кшање на дваесетина километри од градот. Пуштен е во употреба во септември 2013-та, неговата изградба и преадаптација на поранешното училиште во Кшање државата ја чинеше над 3 милиони и 800-тини илјади евра, беше соопштено тогаш.

Целиот текст можете да го прочитате тука