(ВИДЕО) Огромен хотел во Лагадин закана за брегот на езерото

од Vladimir Zorba
71 прегледи
Изградбата на високо капацитетен хотел кај Лагадин ја заострува војната меѓу екологистите, жителите на селото и Општина Охрид. Љупчо Илиевски веќе 10 години престојува во Лагадин и е меѓу првите кои ја потпишале петицијата против изградба на шестокатница на само 50 метри од брегот на езерото во зелениот појас. Но, и покрај петицијата и жалбите на Лагадинци, градежните активности се веќе започнати, информира 24Вести.
„Хотел, со стотина соби и илјадници туристи годишно, со оваа инфраструктура што ја имаме, ќе биде неподносливо. Замислете, паркинг немаме, количјината на ода во текот на летото  ни е ограничена. Исто се случува и со струјата а да не зборуваме за отпадните фекалии кои ќе одат директно во езерото. Загадувањето ќе биде енормно. Мислам дека екологистите се навистина во право, ги поддржувам и сакам со оваа петиција барем да не слушнат. Барем градоначалникот да не слушне.  Зборуваат дека ова било политизирање. Ова не е никакво политизирање. Ние сме 90 посто аполитични типови кои сакаат мирен и спокоен живот,“ вели Љупчо Илиевски.
Дополнително остро  реагираат и екологистите од СОС Охрид кои велат дека изградба на хотел со 1600 легла е незаконска и уништувачка за брегот на езерото. Прашуваат како може да се гради објект за кој  не е изработена стратегиска оценка за влијанието на животната средина пропишана со закон и зошто се игнорира мислењето на жителите!?
Целиот текст можете да го прочитате тука