По повеќе од половина век Лотарија на Црна Гора престанува со работа

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

Лотарија на Црна Гора престанува да приредува игри на среќа на 31 декември оваа година, по 56 години работа, соопшти компанијата.

Лотаријата ги извести играчите дека последното коло на Тото, Лото и Томбола ќе биде на 29,30 или 31 декември оваа година.

Договорот за концесија за лотариски игри по дополнителното продолжување истекува на 31 декември и веќе не може да биде продолжен, јавуваат црногорски медиуми