(ВИДЕО) Реконструкција, последни зборови на пилотите од паднатиот ТУ-154: “Задкрилцата. Команданте, паѓаме!

од Vladimir Zorba
172 прегледи

“Задкрилцката. Команданти, паѓаме!”, се слуша на снимката од црната кутија на авионот што ја пронајдоа спасувачките екипи близу местото на падот на авионот.


Специјалисти открија што зборувал екипажот на авионот Ту-154, неколку минути пред леталото да падне крај бреговите на Сочи. Ако се суди според разговорот меѓу капетанот и неговиот помошник, авионот имал проблеми со задкрилцата.
Снимката од црната кутија и не била оштетена како резултат на падот на авионот.

Извор близок до истрагата, раскажал дека на неа се слуша: “Задкрилцата”, а потоа викање: “Команданте, паѓаме!”. Поаѓајќи од слушнатото, може да се претпостави дека причината за трагедијата со авионот е дефект на механизмите.

Заслужниот пилот на СССР Виктор Заболотскиј за Life.ru. појаснил дека дефект во подвижните делови на крилата го прави авионот неспособен за управување.

“Потисната сила на едното крило станува поголема од таа на другото. Тоа секако го доведува авионот да се преврте “, рекол тој.

Според него, ако задкрилцата не се затвораат се случува нерамномерно управувањето на авионот, кое станува исклучително тешко.

Според последните податоци, дистрибуирани од “Интерфакс”, од Црното Море се извадени и трите црни кутии кои биле на авионот Ту-154. Откако ќе бидат истражени, ќе има повеќе светлина околу околностите што доведоа до најголемата трагедија, во која загинаа 92 лица