Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е жртва на големи сајбер напади .
“Во почетокот на ноември ОБСЕ разбра за голем инцидент поврзан со информациската безбедност”, изјави портпаролот на организацијата Мерши Каузевич. Нападот е пд “компромитирачка доверливост ” на информациската мрежа на организацијата и е од ризик во целина, иако во тоа време ОБСЕ може да ги врши своите активности.
Според податоци на францускиот. “Монд” западни разузнавачки агенции сметаат дека руската хакерска група APT28 стои зад нападот.
Групата, исто така позната како Pawn Storm, Sofacy и Fancy Bear, се смета дека извршила и други големи сајбер напади, а во исто време таа има врски и со руските безбедносни служби, наведува весникот.
ОБСЕ одби да ја коментира можноста за руско учество во нападот.
Со седиште во Виена ОБСЕ е од почетокот с од Студената војна, но во 90-тите се прошири и во моментов има 57 земји-членки, вклучувајќи Русија и САД. / АФП