Со головите на Хуан Мата во 63. и Златан Ибрахимовиќ во 78.минута, Манчестер Јунајтед вечерва славеше победа со 2:0 на гостувањето во Лондон кај Вест Хем.
Домаќините од 15.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Софиан Фегули поради груб прекршок.
Триумфот на Јунајтед му донесе напредок на табелата и моментално е на делбата со Тотенхем на петтата позиција, додека Вест Хем по вториот пораз по ред остана на 13.место.
Резултати на денешните натпревари од 20.коло во Премиер лигата:
Вест Хем – Манчестер Јунајтед 0:2,
Евертон – Саутемптон 3:0,
Манчестер Сити – Барнли 2:1,
Сндерленд – Ливерпул 2:2,
ВБА – Хал 3:1 и
Мидлзброу – Лестер 0:0.
Три натпревари се закажани за утревечер:
Бурнемут – Арсенал,
Кристал Палас – Свонси и
Стоук – Вотфорд.
Колото ќе биде комплетирано в среда со лондонското дерби Тотенхем – Челзи.
Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 44, Манчестер Сити 42, Арсенал 40, Тотенхем 39, Манчестер Јунајтед 36./МИА