Временска прогноза -Облачно со локални врнежи од дожд и снег

од Vladimir Zorba
110 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Температурата ќе се движи од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Температурата ќе достигне до четири степени.

Значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер, Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 цм, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси. Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе бидат под нулата.