И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со иста желба по новогодишните празници, да направат собраниско мнозинство со кое ќе можат да формираат влада, анализира Телма.

Која партија прва ќе ја добие таа можност, на претеседателот Ѓорѓе Иванов му останува уште една недела или најдоцна до понеделник да соопшти. Од ВМРО-ДПМНЕ за сега не откриваат дали преговараат, но според нив очекувано е да се почитува волјата на народот и прва можност според уставот да добие партијата која освоила најмногу гласови на изборите.
„Штом ќе го добиеме мандатот ќе отпочнеме со преговри и ќе вложиме максимални напори за да формираме влада бидејќи наша обврска е да преземеме се што е во наша моќ за да ја реализираме програмата што ја гласаа граѓаните.“ велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од СДСМ делуваат политички релаксирано. Празниците не ги користат за преговарање, велат од партијата, но нивниот став е дека влада може да направат и оние партии кои ќе оформат собраниско мнозинство и тоа сами од понеделник натаму да му го соопштат на Иванов.
„Влада ќе формираа парламентарното мнозинство кое доби поддршка од над шестотини илјади гласови на изборите. Груевски во политиката веќе не вреди ништо, мнозинство гласачи дадоа доверба на опозициските партии, гласајќи за промени.“
Сепак, желбите на партиите од македонскиот полиитчки блок се условени од партиите на Албанците.
Целиот текст може да се прочита тука