Експлозијата избувнала пред судот во источниот град.

Eксплозија го потресе турскиот град Измир, пренесе CNN Turk. Се претпоставува дека експлозијата е поради автомобил-бомба. По првичните информации има најмалку тројца повредени. Се уште нема информации дали има жртви.
Експлозијата се случила пред судот во источниот егејски град. На местото на настанот има амбулантни возила.
“Експлозијата се случи пред врата низ која минуваат не само судии и обвинители, а и повеќето обични граѓани”, изјави претседателот на Адвокатската комора во Измир Ајдин Озџан.

Нападот е извршен неколку дена по нападот во Истанбул, каде што во ноќниот клуб “Реина”, во новогодишната ноќ беа убиени 39 лица. Властите продолжуваат да трагаат по атентаторот. Се појави се информации дека напаѓачите може да биле двајца.
1 / 10






