Кои биле најпребаруваните прашања на Гугл за убавината во 2016?

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Дури не можеме ни да замислиме колку многу работи биле барани во Google во 2016 година.

Многу од нив сигурно вклучуваат практични прашања, но голем дел се поврзани со убавината и добриот изглед.

По различните трендови кои цела година ги следевме, нормално е да ни се допадне нешто и да побараме лесен начин како да го постигнеме или имплементираме во своето секојдневие.

Сепак Google е местото на кое најбрзо и лесно ќе откриеме секакви извори на информации и сами ќе ги одбереме најдобрите.

Еве какви прашања поврзани со убавината, сме поставувале на Google во 2016.

1. Како да направите плетенка “рибина коска”?

2. Како да ја натераме косата да расте побрзо?

3. Како се обликуваат веѓите?

4. Како се витка коса?

5. Како се отстранува гел лак?

6. Како се чистат четки за шминка?

7. Како се нанесува коректор?

8. Како се бришат подочниците под очите?

9. Како се пополнуваат веѓите?

10. Што е балеаж?