Вжештената реторика меѓу Македонија и Србија само укажува на тензичните односи меѓу земјите во регионот вели долгогодишниот коментатор на угледниот српски весник „Политика“, Бошко Јакшиќ во изјава за 24 Вести.
Според него, најавата на шефот на Српската дипломатија Ивица Дачиќ дека ќе воведе однос на реципроцитет кон Балканските земји кои го признаа Косово, само ја влошува состојбата.

„Мислам дека изјава на министерот Дачиќ е своевидна најава за кавга и осветољубилва политика и никој во регионот, посебно Србија и Македонија нема да имаат корист од такви изјави. Едонствено Грција би можела да биде задоволна, која профитира од овие нови балкански тензии“ – вели Бошко Јакшиќ, долгогодишен коментатор на весникот „Политика“.
„Вечерње новости“ анализира дека првиот српси дипломат ги влошува односите со Скопје и добива пофалби од Грција. Настапот на Ивица Дачиќ наиде на воодушевување од официјална Атина, пишува „Вечерне новости“.
Целиот тескт можете да го прочитате тука