Снежната покривка ноќеска над 60 сантиметри…

од Vladimir Zorba
121 прегледи

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 01 часот ( во см):

 61 Маврови Анови, 60 Пожаране, 40 Тетово, 25 Тополчани, Кр.Паланка, 22 Ѓуриште, 20 Берово, 18  Битола, Крушево, 17 Охрид, 13 Скопје-З.Рид, 12 Прилеп, 9 Виница, 8  Претор.

 

 

 НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 18 ЧАСА (во л/м2 ) до 22 часот:

28 Тетово

27 Маврови Анови

26 Пожаране

18 Кр.Паланка

14Битола, Охрид

13 Берово

10 Скопје Зајчев Рид,  Крушево,Претор

8 Штип

7 Виница

6 Ѓуриште

5 Тополчани и Прилеп.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Облачно, во поголемиот дел од земјава има врнежи од снег со слаб  а во источните делови со умерен интензитет. Дува  умерен ветер од северен правец, кој на повисоките места , долж Повардарието и во Штипскиот регион  повремено се засилува.

 

ПРОГНОЗА ВО ТЕКОТ НА НОЌТА: Во ноќните часови врнежите од снег ќе има насекаде и на повеќе места ќе бидат интензивни, особено во источните и југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 60 сm, а во пониските места од 10 до 20 cm). Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег, кои повремено ќе се интензивираат и ќе се формира снежна покривка до околу 20 cm. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.