Пренесуваме дел од колумната на Мирка Велиновска за „Дневник“ во која таа реагира на делови од мегаинтервју за „Република“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.„Kога сум кај американската елитна политика и нејзиното погубно влијание врз дел од човештвото, еве го и вториот тажен пример што се однесува на нас Македониците. Идниот мандатар Никола Груевски дал интервју во ,,Република“. Ај што дал, туку си ја отворил душичката до таму, за да каже јавно дека уште како дете во срцето си ја истетовирал Америка. Се заљубил во неа за цел живот па и денес како зрел човек, партиски водач ем врвен државен функционер, и е вазалски верен. Што е бе ова? Постизборна фус нота на најобемната партиска програма? Малку ни беа Ахмети и Тачи, па Бранко и Заев, Борис ,,мрвкат“, ете го и ,,националистот“ Груевски како јавно се колне дека е вазал на САД.
По вакво признание како контратежа на неговото јавно оградување од едно државно руско знаме што се провеа на најголемиот митинг одржан по првиот удар на ,,бомбите на Заев“, малку ми е појасно зашто ни се случи Пржинскиот преврат. Бреј! Сите божем македонски ,,мејнстрим“ политици да ти биле дворски шутови на умислениот американски есатаблишмент. Оној што рокна минатиот ноември. И овие се колнат на две ,,библии“ кога преземаат функции. Притоа лажно на македонската, а од се срце на американската. Затоа никој од нив не го става на ,,такво“ интересот на македонскиот народ. Заев на јавно наддавање го лицитира, Бранко тајно и во транши го шиткаше, Љупчо за сопствена комоција и филозофски мир го трампаше. Нема што да нема.
И еве го сега Грујо ,,национале“. Па ај Груевски, ќе рече човек еден е. Ами што правиме што и партијата му баш сега подвлекува и не потсеќа дека била првата автентична проамериканска, односно, прозападна партија во земјава! Јас ќе си мислев дека е првата која автентично по цел еден век го презема континуитетот на оригиналот. Пу, бе, арам да ви е и колективно и поединечно! И на образованието и на воспитанието“, пишува Велинова./ Пренесено