(ВИДЕО) Николиќ: Никогаш не би бил противкандидат на Вучиќ

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави денеска дека би го изненадила кандидатурата на премиерот Александар Вучиќ за шеф на државата. Тој нагласува дека никогаш не би му бил противкандидат.

– Би се изненадил од повеќе причини. Човек кој за четири години ја дигна Србија не верувам дека лесно би отстапил од функцијата премиер во која може за следните четири години да има уште успеси. Владата треба да се води со таква енергија, изјави Николиќ.

Тој додаде дека не би бил кандидат ако не добие поддршка од СНС.