(ВИДЕО) Ахмети ја стокми платформата – најавува објавување утре

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Официјализирање на албанскиот јазик на ниво на втор официјален јазик во земјава, рамномерна и еднаква распределба на државниот буџет меѓу Албанците и Македонците, унапредување на Албанците на раководни функции по вертикала во безбедносните служби, полицијата, армијата, ЕУ и НАТО интеграциите – ова е дел од платформата што утре како што најавуваат од ДУИ ќе ја објават откако партиските органи ќе ја усвојат, информира 24Вести. 

Дека партиските тела ќе расправаат деновиве за заедничкиот документ што може да биде услов за коалицирање на партиите на Албанците во Владата, најавуваат и од  БЕСА и од Алијансата за Албанците. Финализирањето на платформата со услови е во пресрет на понеделничкото доделување на мандатот од страна на претседателот Иванов  на мандаторот, најверојатно на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ .

Токму Груевски во последното интервју иако таксативно ги наброја сите проекти и барања на Албанците што ВМРО -ДПМНЕ ги исполнил  изминативе години, а дел од нив досега негираше дека имаат врска со него, сепак за клучното барање на Ахемти, официјализирање на албанскиот, во истото интервју вели дека е непотребно и неосновано. Колку тоа во пресрет на преговорите за евентуална нова коалиција ќе биде клучното оправдување на Ахемти да му го сврти грбот или Груевски ќе го искористи како алиби за евентуалноиот неуспех да формира Влада или пак  ќе попушти, доправа ќе се знае.

 

Целиот текст ќе можете да го прочитате тука