Убиството на Нева – легендата за Распучин продолжува да живее 100 години по неговата смрт

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

 

 

Неговиот живот е бурен, а неговата смрт – брутална; во студена зимска ноќ во Санкт Петербург, на 30 декември 1916 година брадестиот свет човек во кој доверба имаше царското семејство,, стана жртва на мистериозен заговор, предводен од роднини на царот Николај Втори.

Наскоро потоа, неговото тело беше пронајдено во реката Нева со рани од огнено оружје и лузни од измачување.

– Имајќи ја предвид неговата блискост со власта и несекојдневниот начин на живот, тој си создал многу непријатели, вели историчарот Иван Успенски. Дури и 100 години по неговата насилна смрт, легендата за Распучин продолжува да живее.

Распучин повеќе е сметан за личност кој е олицетворение на суеверие, отколку на религозна верба и тешко може да се каже дека е претставник на тогашната Руска православна црква.

На стогодишнината од неговата смрт во Петроград, како што тогаш го нарекувале Санкт Петербург, меѓу Православната црква и руската држава постои тивка поврзаност. Религиозната заедница се смета за важен поддржувач на внатрешнополитичкиот систем.

– По крајот на Советскиот Сојуз пред четвртина век, религијата ги зацврсти своите позиции. По повеќе години маргинализирање, религијата повторно е во центарот на општеството, вели политичкиот аналитичар Сергеј Ушаков.

Претседателот Владимир Путин ја смета Црквата за сојузник во борбата против падот на традиционалните вредности, а таа пак ја легитимира политиката на шефот на руската држава. Критичарите зборуваат за „нечесниот сојуз“ меѓу Црквата и државата.

Во законодавството на Русија од 2013 година, постои нејасен текст со кој се казнува богохулството. – Законот за богохулство е очигледа реакција против спорните активности на женската панк група „Пуси Рајотс“ во катедралата „Христос Спасител“, рече опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Кога патријархот Кирил, кој има околу 150 милиоони православни следбеници, на пример се сретнува со папата, како што се случи во февруари, тој води црковна дипломатија во духот на Кремљ.

Распучин исто бил блзиок до државното раководство. На почетокот на 20-иот век, монахот кој често е нарекуван харизматичен, заминува за Санкт Петербург и се здобива со влијание во царскиот двор. Распучин, кој е роден на 21 јануари 1869 година во сибирското село Покровское, денес е познат по своите чуда, но и по оргиите.

Меѓу донекаде шокираното општество во Санкт Петебург од неговаата појава, ексцентричниот Распучин, кој често одел облечен во слеска облека, бил многу почитуван. Почнал да создава репутација не само на благочестив и свет човек, туку и на таков кој може да ја пророкува иднината и кој е во состојба да го излекува престолонаследникот. Откако се здобил со престиж и политичко влијание или како што се тврди како „човек од доверба на царот“, тој се здобива и со непријатели.

Неговата смрт е мистериозна исто како и неговиот живот. Имало ли вмешаност во неговата смрт и британското разузнавање? Постојат записи за тоа дека Распучин и тогашната руска царица од германско потекло планирале да склучат примирје меѓу Русија и Германија, што ќе било закана за Велика Британија.

По смртта на Распучин во Покровское, бил отворен музеј во спомен на најпознатиот жител на селото. Родната куќа на Распучин веќе одамна ја нема, но во соседната куќа каде живееле негови роднини, бил преместен неговиот музеј, кој е популарен меѓу посетителите од цела Европа.

– Тој често доаѓал тука и речиси ништо не е сменето од неговата смрт во 1916 година, вели кустосот Марина Смирнова. – За жал нема зачувани многу негови лични работи, затоа што Распучин бил скитник, вели таа.

Има стол, чинија и огледало, за кои се смета дека се автентични; во другите мали соби има неколку експонати во стаклени витрини. На една од фотографиите во музејот Распучин мафта со рака.

– Отсекогаш сум била заинтересирана за Расучин и веднаш го отворив музејот по крајот на комунизмот, затоа што претходно тоа просто не било можно, вели Смирнова која е родум од соседниот град Тјумен. – Ние немаме многу нешта со кои би привлекле туристи. Други го имаат Казанова или Дракула, а ние го имаме Распучин, додава таа.

Едни од најпознатите посетители на музејот, кои е на 200 километри источно од Москва, е можеби германската поп група „Бони Ем“. Нивната песна „Распучин“ беше огромен хит на крајот на 70-те години од минатиот век.

– Не ни беше дозволено да ја пееме на нашите концерти во СССР, Нашиот организатор сметаше дека може да прозвучи провокативно, вели вокалистката на „Бони Ен“, Лиз Мичел.

ДПА