Во Ерусалим терорист со камион нападнал група војници . Според податоците на полицијата, инцидентот се случил во близина на популарниот меѓу туристите плоштад АРМО ха Нацив во Ерусалим.

Според локалните новински агенции, возачот на камионот како што се возел одеднаш направил остар свиок и нагазил врз групата војници кои слегувале од автобус.   

Според последните податоци, загинале четири лица. Сите биле на по 20 години. Најмалку 15 лица се повредени. Полицајците отвориле оган врз возачот и успеале да го запрат. Терористот е повреден.

Полицијата веќе го оквалификува како терористички акт.