Германија укинува развојна помош за држави кои нема да примат назад одбиени азиланти

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил. Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.

– Тие кои нема да соработуваат доволно, не може да се надеваат на наша развојна помош, изјави германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел за Шпигел.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер рече во изјава за АРД дека „во целост ја подржува таа идеја“