Бензините поскапуваат за половина денар

од Vladimir Zorba
110 прегледи

 

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе чини 53,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,6 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот