
Се претпоставува дека коријандерот доаѓа од Средна Азија и Јужна Европа, но е познат со милениуми и во Азија и во Ориентот. Се појавува во дива состојба во Египет и Судан.
Тој се споменува во древните санскритски писмени извори, каде се наведува неговата употреба како зачин пред повеќе од 5 илјади години.
Семиња од коријандер се откриени во египетските пирамиди.
Како зачин
Во кулинарството се користат плодовите и лисјата на растенијата.
Во Индија и во арапските земји лисјата се толку распространети како зачин исто онака како што е магданосот во Европа.
На нив се должи карактеристичниот мирис на различни меса и зеленчук јадења.
Мелените семиња се главна состојка на сите видови кари. Со мелен коријандер миризливи се и колачи, меденки и др.
Освен во кулинарски, коријандер се користи и поради лековитите својства
Тој ја зголемува машката потентност, смета Диоскорид – грчки лекар и автор на бројни книги за лековитите својства на растенијата.
Основачот на научната медицина Хипократ го препишувал како лек, но исто така е препорачана како ароматизер за вината.
Листовите од коријандер влијаат благотворно на крвните садови и имаат против микробно дејство.