Платформата на партиите на Албанците во Макеоднија ги става во втор план барањата на оние кои со месеци протестираа против криминалот во власта, информира Телма.

Таа е показател колку партиите немаат слух за потребите на граѓаните, и не смее да биде прифатена од ниту една македонска партија, а треба да ја напуштат и албанските, затоа што значи само протнување на националистички идеи кои се погубни за нас како држава. Ова е ставот на активистите од Шарената револуција, кои велат дека ова е разочарувачки, но и очекуван потег од тие кои само се декларираат како заштитници на граѓаните, но дека разочарувањето не смее да го минимизира отпорот.
Спировска потенцира дека, единствени услови за коалицирање треба да бидат договорот од Пржино, извештајот на Прибе, заштитата на СЈО и формирањето на Специјален суд.
Тоа вели, се барањата на граѓаните, кои не сакаат политики што ги делат на македонски и албански блок. Убедена е дека платформата нема да биде прифатена во целост само за да се формира влада, но отвара можности за дополнителни игри на партиите, кои повторно не им одат во прилог на граѓаните.
Целиот текст може да се прочита тука