Во џамијата имало многу луѓе кои дошле на погреб.

Најмалку едно лице загина, а други 10 се повредени при уривање на покрив на џамија во реонот на Атакој во Истанбул, соопштува Телевизискиот канал NTV.
Покривот не ја издржал тежината на снегот и се урнал врз главите на луѓето кои биле во џамијата на погреб.
На местото веќе работат спасувачи и медицински екипи. Очевидци на трагедијата ги вадат настрадани под урнатините.