ВМРО–ДПМНЕ: Има несогласувања на коалициските партнери за албанската декларација

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Дел од коалициските партнери на ВМРО – ДПМНЕ, особено оние кои ги преставуваат помалите етнички заедници не се согласуваат со декларацијата на албанските партии, велат од владеачката партија за време на состанокот со 25 партии од предизборната коалиција.
„Имаше видливо негодување дека со таа платформа и евентуално сведување на целата дискусија на бинационален дијалог помеѓу етничките заедници“ – вели Илија Димовски.
Пред состанокот и дел од коалициските партнери кажаа дека барањата на ДУИ можат да бидат пречка во преговорите.
„не може платформата да служи за оцена и за градење на иднината на Македонија. Има заеднички точки со кои се согласуваме“ – вели Ердоган Сарач.
„Сакам да сум оптимист зошто на Македонија и треба таков, но ќе видиме, ќе оставиме времето да покаже„ – вели Страшо Ангеловски.
Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека преговорите со ДУИ ќе почнат овие денови. Димовски не се изјасни дали барањата на Ахмети се прифатливи за неговата партија, и рече дека ставот е кажан преку интервјуто на Груевски за „Дневник“, во кое пак партискиот лидер исто така не кажа дали ќе ги прифати барањата на ДУИ и кажа дека на Албанците нема да им помогне двојазичноста на целата територија туку нови фабрики. Од ДУИ за 24 Вести денеска велат дека преговорите за состав на новата влада ќе ги води лично Али Ахмети, а тој во интервју за ТВ 21 кажа дека ќе почне да разговара со ВМРО – ДПМНЕ
„Ние ќе продолжиме да разговараме со партијата која доби најмногу мандати“ – вели Али Ахмети.
Илија Димовски додаде и дека неговата партија е свесна дека било какво парламентарно мнозинство овој пат ќе биде на стаклени нозе, но не коментираше дали тоа значи дека набргу ќе има нови избори.

Слични содржини