(ВИДЕО) Почина Мики Јевремовиќ

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Познатиот српски пејач Мики Јевремовиќ почина денеска во Белград, на 75 годишна возраст.

Пејачот доживеа мозочен удар на крајот на декември. Семејството беше со него и се молеше за негово заздравување. Пред три дена Мики бил реанимиран, но состојбата и натаму била мошне тешка. Но, за жал битката ја загуби. Тој почина во болница.

Мики Јевремовиќ е роден на 27 март 1941 година. Беше еден од најголемите звезди на забавна музика во седумдесетите години.

Освоил бројни награди на фестивалите како што се Белградската пролет, Загребскиот фестивал, Опатискиот фестивал и други.

Почетокот од кариерата беше одбележан со песните „Пијам„ и „Мама„, „Осумнаесет жолти рози„, а подоцна дојде и неговата култна песна „Ако еднаш ја видиш Марија„  и „Со кој си сега кога е тажно времето„.