Студенти во Бразил ќе учат од скелетот на Менгеле

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Студентите на бразилскиот медицински факултет при Универзитетот во Сао Паоло ќе го изучуваат предметот судска медицина преку остатоците на страшниот Јозеф Менгеле, објави “Дејли мејл”.

Коските на нацистичкиот Ангел на смртта, кој изведувал садистички експерименти со илјадници Евреи во “Аушвиц”, се вадат од складиштето на универзитетот, каде што се чувале речиси 40 години во сина пластична кеса. Менгеле побегнал во Јужна Америка и се криел под туѓо име кај германско семејство во бразилскиот град.

Во 1979 година тој добива мозочен удар и се дави при пливање на 67 година, а го погребале тајно, но по години вистината се открива. Пред неколку месеци шефот на Катедрата “Судска медицина” Даниел Мунос, ги идентификувал во 1985 година остатоците и добил дозвола учениците да му ги проучуваат коските и да ги поврзат со животниот пат на Нацист. Кршењето на карлицата е пример за потврда пад од мотор во “Аушвиц”.