Враќањето на мигранти ќе започне од 15 март.

Сојузна Република Германија ќе започне од месец март да враќа во Грција азиланти бегалци, соопшти портпаролот на внатрешноиот завод. Согласно регулативата од Даблин, лицата кои бараат азил, треба да поднесат барање во првата земја членка на блокот во која влегле, а најчесто тоа се Грција и Италија. Ако барателите на азил достигнале во друга земја од ЕУ, тие мора да бидат вратени во првата земја во која влегле на територијата на заедницата.
Досега барањето не важеше во однос на Грција поради лошите услови таму. Портпаролот прецизира дека враќањето на мигранти ќе започне од 15 март. На 8 декември Европската унија препорача на земјите членки да почнат да ги враќаат мигранти назад во Грција од март годинава, откако овие трансфери беа прекинати во 2011 година.
Одлуката на Германија во 2015 да ги отвори вратите за сириски бегалци и реално да ја поништи Даблинския регулатива во однос на нив, доведе 890 000 луѓе во земјата до крајот на истата година. Постепено владата во Берлин започна да бара начини за ограничување на бројот на пристигнување. Во 2016 година тие беа 280 000, најмногу поради затворањето на балканскиот правец и кревкиот договор на ЕУ со Турција. Почетокот на трансферите на мигранти назад во Грција ќе се намали дополнително бројот на пристигнување, што е поволно во пресрет на парламентарните избори во СРГ во септември. / АФП