Величествениот Концертен комплекс на р. Елба “Елбфилхармони” ја приреди официјалната премиера со прекрасен 3-часовен концерт на Симфонискиот оркестар на Северногерманското радио.
Под диригентска палка на диригентот Томас Хенгелброк програмата раскажа 400-годишна музичка историја преку делата на Вагнер, Бетовен, Кавалиери, Либерман, М. Преториус, О. Месиен и модерниот германски композитор Волфганг Рим.
Комплексот се наоѓа на 4000 метри површина во Хамбург и вклучува голема сала за 2 100 гледачи 2 камерни сали, хотел со пет ѕвездички, ресторани, станови и конференциски центар. Проектот на познатото швајцарско архитектонското биро Herzog & de Meuron, кое го создало музејот “Тејт” во Лондон и Олимпискиот стадион во Пекинг, го обединува стариот пристанишен магацин со воодушевувачка стаклена конструкција која личи дека носи над водите санта мраз. Двете се поделени од специјално конструиран балкон, подигната на 30 метри над земјата.
Развојот на акустичните системи пак е дело на познатиот јапонски инженер Јасухиса Тојота. Само за првата половина на 2017 година во “Елбфилхармони” се планирани над 200 концерти.
Изградбата на вртоглавата музичка палата сепак не поминува без тешкотии и конфликти. Таа е отворена со 6-годишно задоцнување и речиси 10-кратно зголемување на буџетот во однос на првично предвидениот.
Неслучајно по премиерниот концерт бундеспрезидентот Јоаким Гаук, истакна дека “Елби (како што е наречен нагалено)” е поврзуван истовремено “за надеж и кошмар, светска ѕвезда и обична шега, срам и чудо”, но и дека токму во оваа контраст се кријат неговата “магија” и убавина.