Германска пратеничка:Си одам, Меркел со мигрантите ги наруши сите закони

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Мигрант држи плакат со Меркел при неговото пристигнување на железничката  станица во Минхен.

 Германската пратеничка Ерика Штајнбах објави дека ја напушта владејачката партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во знак на протест против миграциската политика на партиската лидерката и канцеларка Ангела Меркел.

“Би  гласале ли сега за ЦДУ? Не. Би  влегла сега во ЦДУ? Не “, рече таа во интервју за весникот” Велт ам Зонтаг “. “Во овој поглед можам само да го направам чесниот заклучок дека треба да ја напуштам ЦДУ”, истакна Штајнбах кој сепак смета да си го  зачува пратеничкиот мандат. Таа е во ЦДУ од 1974 година. “Значителен дел од граѓаните кои го  дадоа својот глас, не се согласуваат со миграциската политика. Јас ќе ги претставувам во Бундестагот до крајот на мандатот “, истакна бунтовната  пратеничка. Според неа Меркел го прекршила постојното законодавство, кога есента 2015 година ги отворила границите за бегалците. “Тоа што на луѓе без утврден идентитет уим беше дозволено со  месеци да ја преминат границата со автобуси и возови, беше не  само исклучок, туку намерен потег што им  противречи на нашите закони и договорите на ЕУ”, објасни Штајнбах. Таа додаде дека илјадници пасоши, претставени од мигрантите се покажаа како лажни, но за прекршителите немаше никакви правни последици. “Значителен дел од пристигнатите луѓе не беа бегалци по Женевската конвенција”, убедена е пратеничката. На крајот  во земјата влегоа не само оние кои навистина им е потребна заштита, туку  и потенцијални терористи, тврди таа. / ТАСС