Гвинет продава секс камења за подобар оргазам

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Јајце меѓу нозете прави чуда со сексуалниот живот.

Гвинет Палтроу неколкупати се претставувала како жена која држи доа здрав и особено духовен начин на живот. Затоа на својот светски веб сајт GOOP 44-годишната актерка се труди да дава совети и да нуди сосема практични работи. Таа нуди производ од кристал во форма на јајце, кој според неа го подобрува сексуалниот живот на дамите.

На сајтот Палтроу вели дека каменот Rose Quartz Eggs “ги зголемува, оргазмите, тонусот на вагиналните мускули, хормоналниот баланс и женската енергија”.
Секс каменот, чија вредност се движи меѓу 45 и 54 фунти, веќе е распродаден. И иако не се споменува конкретно дали Гвинет го користела лично, тој се рекламира како ефективен, тестиран лично од популарната блогерка Шива Роуз.

Во описот на производот пишува: “Шива Роуз го употребува седум години. Ние исто така се обидовме и решивме да го продаваме во нашата продавница “.
Следат неколку совети за поставување на вагиналните ѕидови и појаснување дека нема ништо срамно, ако жената се соочи со проблем јајцето да падне. На почетокот тоа било сосема нормално. На сајтот на Палтроу се тврди уште дека јајцето датира од Античка Азија, каде што жените го користеле, за да се во форма за својот император.