“Не разбирам како една жена може да ја напушти куќата без да се среди барем малку – дури само од љубезност. Затоа што никогаш не знаеш, можеби тоа е денот во кој таа ќе се сретне со својата судбина. И многу е добро да биде колку што се може поубава за неа. “
Габриѐл Бонјор “Коко” Шанел е француска модна дизајнерка, родена на 19 август 1883 година. Таа е една од највлијателните фигури во модата во 20 век. Коко има тешко детство, кога преминува во засолниште за сираци во католички манастир. Токму таму се учи и да шие.
Со текот на времето, таа станува добра во овој занает. На 18 веќе работи во работилница за облека. Во тоа време се запознава со милионерот Етјен Балсам. Коко почнува да создава украсени капи и наскоро хобито ѝи се претвора во личен бизнис.
Во 1913 година ја отвора својата прва продавница во која продава богат асортиман на облека и додатоци. Малку подоцна успева да отвори и втора продавница, и така славата за добриот дизајнер брзо достигнува до богатите клиенти. Таа е првата дизајнерка која нуди парфем кој да го носи нејзиното име – Шанел №5.