Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус еден до четири степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до нулата.