“Луѓето остануваат во брак, бидејќи тоа го сакаат, а не затоа што вратата е заклучена.”
Пол Линард Њуман е американски актер и режисер од еврејско потекло, роден на 26 јануари 1925 година во богато семејство. Тој е еден од секс симболите и најпосакуваните мажи на 20-тиот век. Дипломира во Јеил на драмскиот институт, но посетувал и курсеви по глума во студиото на Ли Страсберг.
За разлика од многу други актери, неговите први улоги се на Бродвеј. Славата ј должи на успехот на филмот “Таму горе некој ме сака”. Њуман е носител на наградата од фестивалот во Кан, “Еми” и БАФТА, три награди “Оскар” и шест награди “Златен Глобус”.